Skip to main content

Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски

Oд денес пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку имаат некој од симптомите кои се карактеристични за Ковид 19. Матичните ќе им закажат термин во Центарот за јавно здравје за земање материјал за тестирање. Матичните лекари со сите пациенти најпрво ќе контактираат телефонски без разлика за каков здравствен проблем станува збор, па лекарот ќе процени дали е потребен преглед или не.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Матичните лекари контактираат со своите пациентите исклучиво телефонски. Секој кој има некаков здравствен проблем или потреба претходно треба да се јави во ординацијата, па лекарот ќе процени дали е потребен преглед или не.
Се што можие се врши по телефон освен во итни случаи каде мора да извршиме преглед тогаш пациентот ќе дојде. Оние пациенти кои треба да бидат прегледани задолжително мора да носат заштитна маска, пред да влезат во ординацијата се дезинфицираат, а во чекалната се пуштаат мал број пациенти кои седат на растојание од метар и половина и не смеат да се задржат повеќе од 15мин, вели Д-р Марина Блажеска Ќосев.
Од денес освен во Центрите за јавно здравје, за информации во врска со вирусот Ковид 19 пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари. Тие ќе им закажат термин за земање материјал доколку според електронскиот алгоритам кој што го имаат се постави индикција за заразеност со овој вирус. Лицата кои се во самоизолација или пак се со полесна клиничка слика, а се заразени со Корона и се лекуваат во домашни услови не контактират со своите матични лекари туку со доктори од Центарот за јавно здравје од кои ќе добиваат напатствија околу лекувањето.
Ние само креираме упат до Инфективното одделение и ги информираме дека ќе пратиме пациент кој е сомнителен. Ние не го вршиме понатамошното лекување, вели Д-р Блажеска.
Овие пациенти ќе имаат предност пред другите, па не ќе има проблем во комуникацијата со докторите.
Инаку матичните лекари имаат само основни средства за заштита, а тоа се маски и ракавици. Немаат скафандери па со тоа нивната заштита не е на високо ниво, затоа максимално ќе се избегнува директен контакт со пациентите. Се што може ќе се прави по телефон. Апелираат оние лица кои се во самоизолација тоа да го прават како што треба. Да се во посебна соба без никаков контакт со домашние, да користат посебно купатило, прибор и постелнина, а намирниците да им се доставуваат без никаков личен контакт.