Skip to main content

Двајца охриѓани заработија кривични пријави поради непостапување според здраствените прописи за време на епидемија

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишната Д.Т. од Охрид, како и против 48-годишниот Х.П.Т. од Швајцарија, со привремено престојувалиште во Охрид.

 |   | 

„Тие не постапиле по мерката за самоизолација од 14 дена и не се придржувале според одредбите по писмената изјава за самоизолација, која што на 9-ти март 2020 година, своеволно ја потпишале на граничниот премин „Ќафасан“. При контрола извршена на 19-ти март 2020 година, полициските службеници утврдиле дека пријавената Д.Т. не се наоѓала во нејзиниот дом во Охрид, додека пријавениот Х.П.Т. на 18-ти март 2020 година е забележан како управува патничко возило, по што бил сопрен на регионалниот пат Охрид-Струга. Со тоа, пријавените ги прекршиле мерките за самоизолација и постапиле спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство“, информираат од СВР Охрид.