Skip to main content

АСФАЛТИРАНИ КРАЦИ НА УЛИЦА „ПРИЛЕПСКА“

Во текот на изминатите денови беа реализирани работни активности за  асфалтирање на 3 краци на улица „Прилепска“ во населбата „Железничка“.

 |   | 

Во текот на изминатите денови беа реализирани работни активности за асфалтирање на 3 краци на улица „Прилепска“ во населбата „Железничка“.

Асфалтирањето на уличните краци ќе продолжат и во текот на наредниот период на уште неколку локации во градот и останатите населени места.

Овие активности се во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година во делот на јавниот повик за асфалтирање на пристапни патишта и тесни улички.