Skip to main content

Црвениот крст од Охрид со психосоцијална поддршка

Во ова тешко време, кога се соочуваме со несреќа од глобални размери предизвикана со ширењето на коронавирусот, тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид составен од два искусни психолози, од денес, 25.03.2020, ќе биде достапeн за сите оние кои се најранливи во оваа кризна ситуација и на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка.

 |   | 

Човечки е да се побара помош, а ние сме тука да ви помогнеме во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Вашите потреби од психосоцијална помош и поддршка можете да ги реализирате од вашиот дом, секој работен ден, јавувајќи се на телефон 070240365 психолог Александра Николеска во период од 10 до 12 ч. и на телефон 076624633, психолог Ранко Раткушиноски во период од 15 до 17 ч.Покажете храброст и грижете се за своето ментално здравје, се вели во соопштението на Црвениот крст од Охрид.