Skip to main content

ЈП Комуналец секојдневно ги дезинфицира градските и приградските улици, тротоари , паркинзи

Службите според програмат за работа ги прскаат и селските средини, а дезинфицирале и во соседната општина Дебрца. Досега се потрошени над 350 литри концентрирано средство за дезинфекција.

 |  Валентина Неловска  | 

Секојдневно се дезинфицираат градските и приградските улици со две цистерни, информира Стевчо Маслов ОД ЈП Охридски Комуналец. Во вонредни услови, според програмата за работа градот е поделен на 4 зони и покрај улиците се прскаат тротоарите, паркинзите, игралиштата, автобуските постојки. Денес се прскаа Кејот, Чаршијата, населбите Билјанини извори и Гоце Делчев, селата Косел и Вапила. Имаме за прскање по две села во програмата секој ден. Користиме дезинфекционо средство Дизентал кое го имаме во доволни количини , кажува Маслов.

„Тоа е концентриран раствор се меша со вода. На еден тон вода се става 50 литри од течноста за да добиеме 0,5 процентен раствор за уништување на бактерии и вируси на јавите површини, информира Маслов.

Според програмата за работа службите со две возила со различна тонажа од еден и седум тони прскаат и во селските средини, а дезинфицирале и во соседната општина Дебрца.

Со две цистерни прскаме паралено како во градот така и приградските и селските населби. Дезинфицирани се сите села од Љубаништа, Подмоље, Куратица, Косел, Вапила, Сирула сите се се дезинфицирани“.

Покрај улиците се прскаат и кејот, чаршијата, детските и спортските игралишта. Се дезинфицираат и контејнерите и просторите каде што се одлага комунален отпад. Досега се потрошени 350 литри од дезинфекционото средство, а се набавени доволни количини за секојдневен третман.