Skip to main content

Стручни лица треба да изготват протокол за делување на здравствените установи од четирите општини во регионов

Четирите општини од регионов и директорите на здравствените установи усогласуваа регионален пристап во функционирање на здравствениот систем во делување против  Ковид 19.  На барање на координативнот тело и охридскиот градоначалник, стручни лица од министерството за здравство треба да направат план за регионализација и усогласување на процедурите при лекување на потенцијални пациенти од Ковид 19.

 |  Валентина Неловска  | 

Стручни лица, епидемиолози и инфектолози, ќе треба деновиве да изготват протокол за делување на здравствените установи од Општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца во справување со корона вирусот. Патеката на движење на заболените лица ќе мора строго да се придржува според протоколот за лекување кој треба да се изработи. На предлог на општинското координативно тело од Охрид градоначалниците од регионов одржаа состанок со раководителите на ЈЗУ и договараа план за регионализација и усогласување на процедурите за треман на потенцијални пациенти од КОВИД 19.

Тоа што се случи во меѓувреме со пациентката од селото Татеши е само потврда дека имало потреба од координадинирано делување во однос на проблемите кои ги имаме како општини и здравствен систем. Министерството за здравство по предлог на општинското координативно тело ќе пристапи кон изработка на плана за регионализација како да се организира и соодветно процедурално како ќе функционира системот и како ќе се згрижуваат пациентите од лесна, средна и тешка клиничка слика“, кажа градоначалникот Константин Георгиески.

Првичниот предлог е пациенти заболени од Ковид 19 кои покажуваат лесна и средна кличничка слика да се лекуваат на инфективното одделение во Охридската болница ,а тешките случаи да се препраќаат во Скопје. Третманот на пациенти останува да се уредува според сугестии протоколи и алгоритми креирани од експерти, вели заменикот министерот за здравство Арменд Арслани.

Има повеќе решенија како да се организира на протоколот но ќе биде исклучиво изработен од ескперти. Сите ќе се мобилизираат, а сугестиите ќе бидат од стручни лица. Во тек е изработка и детално ќе се анализира“, вели заменикот министерот за здравство Арменд Арслани.

Директорот на Здравствен дом Вевчани, Јован Стојкоски уверува дека ситуацијата е под контрола и нема место за стравување.

„Ние вршиме транспорт. Министерството за здравство има изработено тек на движење. Пациентите кои не се итни имаат контакт со матичните лекари и ги упатуваат пациентите каде што треба да се лекуваат. Другите преку итната помош ги префрламе на инфективно одделение во Охрид или во Скопје“, вели д-р Стојкоски.

Денешната средба е активност за преземање мерки за одредување на начини како да се постапува со лицата со симптоми на вирусот или со заболени од Ковид 19 по случајот со почината пациентка од струшко Татеши која не беше хоспитализирана на инфективното одделение при Општа болница Охрид.