Skip to main content

Малеска Стојадиновиќ: Најостро го осудуваме секое непостапување согласно Законот за здравствена заштита

Директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид , Славица Малеска Стојадиновиќ, во врска со случајот со пациентката од Струга која почина од корона вирус, се огласи со соопштение до медиумите.

 |   | 


Директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид , Славица Малеска Стојадиновиќ, во врска со случајот со пациентката од Струга која почина од корона вирус, се огласи со соопштение до медиумите.

„Во врска со објавените наводи во одредени медиуми за непостапување односно непружење здравствена заштита од страна на специјалистите на инфективното одделение од наша страна најостро го осудуваме секое непостапување согласно Законот за здравствена заштита.“ вели Малеска Стојадиновиќ.

Додава дека од нејзина страна како Директор на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид , била изготвена писмена наредба во која се наредува на раководителот и вработените на инфективното одделение непрекинато да укажуваат здравствена заштита на сите лица кои ке се обратат за лекарска помош.

ЈЗУ „Општа болница“- Охрид и раководниот тим од денот на донесувањето на мерките во врска со состојбата настаната со епидемијата на коронавирусот и препораките на Влада за спречување на ширење на вирусот  одржале повеќе состаноци со Комисијата за интрахоспитални инфекции во состав од епидемиолог и д-р.спец. инфектолог по биле донесени повеке заклучоци и изготвени протоколи за постапување на сите оддели и одделенија  во склоп на болницата. Исто така сите раководители биле  задолжени да обезбедат соба за изолација за сместување на лица за кои постои сомнеж дека се заразени со КОВИД-19.  Инфективното одделение како одделение кое згрижува пациенти со инфективна патологија, добило протокол за постапување со лица заболени со КОВИД-19 од страна на Министерство за здравство и била обезбедена неопходната опрема за лична заштита на персоналот, се вели во соопштението од охридската општа болница.