Skip to main content

Д-р Горан Балевски назначен за нов директор на Општа болница Охрид

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција објави дека д-р Горан Балевски е именуван за нов директор на охридската Општа болница. Балевски е познат доктор специјалист уролог и хирург.

 |   | 

Тој доаѓа на местото прв човек на Општата болница во Охрид на местото на Славица Малевска Стојадиновиќ, која беше разрешена денес,а во врска во случајот со починатата шациентка од струшко Татеши од Коронавирус која не беше примена на инфективното одделение во болницата.
Разрешената директорка Славица Малеска Стојадиновиќ денес се огласи со соопштение до медиумите во кое меѓудругото вели дека од нејзина страна била изготвена писмена наредба во која се наредува на раководителот и вработените на инфективното одделение непрекинато да укажуваат здравствена заштита на сите лица кои ќе се обратат за лекарска помош. Министерот Филипче на прес конференцијата упати благодарност до неа за досегашниот придонес во раководењето на болницата.