Skip to main content

Со втор сет мерки тежок 200 милиони евра владата ќе се справува со последиците од корона вирусот

Премиерот, претседателот, министрите, директорите, градоначалниците два месеци ќе земаат минимална плата.  За приватните фирми погодени од кризата за месеците април и мај ќе им се помогне во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, под одредени услови. 

 |  Валентина Неловска  | 

Техничката влада го донесе вториот пакет финансиски мерки за справување со кризата во економијата поради коронавирусот. На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски ги презентираше новите мерки тешки 200 милиони евра. Приватниот сектор ќе добие финансиска помош за исплата на платите на вработените за месеците април и мај, рече Спасовски.

Го донесовме вториот сет мерки за справување со кризата со консултација и суштинска дебата низ разговори со економски познавачи експерти и стопанственици.Со мерката 1 се предвидува финансиска помош за приватниот сектор исплата на плати кај работодавачот барател за финансиски средства од најмногу 14.500 денари за секој работник  за остварена  ефективна работа.“

Стопанственците ќе мора да исполнат одредени услови при барањата кои ќе ги достават за добивање на финансиска поддршка.

Оние фирми кои ќе аплицираат да добијат субвенција за минимална плата за вработените не смеат да отпуштат вработени, да не исплаќаат дивиденди, бонуси и награди, и да имаат 30 проценти намалување на прометот во споредба со лани. Со минимална плата ќе се субвенционираат и сите спортски работници во спортски здруженија, како и самостојните уметници, а граѓаните кои останале без работа ќе добиваат 50 отсто од платата во зависност од стажот“, рече Спасовски.

Покрај оваа мерка ќе се примени и мерката за субвенционирање на нето платите со 50 посто од исплатата на придонесите за плата. Се запира и Законот за извршување, а извршителите не ќе можат да преземат никави извршни дејствија до крајот на јуни, изјави Спасовски.

Финансиска помош ќе добиат со минимална плата и сите спортски работници во спортски здруженија, како и самостојните уметници, спортистите и самостојните работници во културата. Дополнителна уредба ќе биде донесена за самостојните вршители на занатчиските дејности. Месечен надоместок од 7.000 денари ќе добиваат лицата од неформалната економија

Премиерот, претседателот, министрите, директорите, градоначалниците два месеци ќе земаат минимална плата, а сите именувани членови на управни и надзорни одбори, како и на Советите на општините два месеци нема да земаат никаков надоместок. На вработените во јавниот сектор не им се намалува платата. Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата рече дека мерките се креирани во консултација со членовите на Економскиот совет, деловната заедница преку стонанските комори, како и со академската заедница и стопанственици од реалниот сектор.