Skip to main content

13 лица дневно е бројот на земени брисеви за тестирање на корона вирус во охридскиот ЦЈЗ

Максимумот на екипите од центарот е да земаат брисеви и  до 30 пациенти, но во моментов нема потреба. Во изминатава недела матичните лекари од Охрид и Струга по анкетите со пациентите не утврдиле потреба да упатуваат поголем број граѓани на тестирање. 

 |  Валентина Неловска  | 

На 10 до 13 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во центарот за јавно здравје. Брисевите се земаат од екипи максимално заштитени и во посебна просторија од понеделник до сабота, информираат од охридскиот центар за јавно здравје. Матичните лекари креираат упати преку опцијата Мој термин по направените анкети со пациентите според препораките на ресорното министерство, информира Сашо Точков, директорот на Центарот за јавно здравје..

„Пациентите кои што доаѓаат се по препорака од матичните лекари и се 10- 12 пациенти. Повеќе претпоставувам нема потреба според проценката од Министерството за здравство и Комсијата за заразни болести за Охрид.Ако има потреба може да го прошират. Материјалите за тестирање не доаѓаат само од Охрид туку од цела Македонија и капацитетот на лабораториите кои го испитуваат материјалот е ограничен“, вели Точков.

Д-р Љупчо Костески, претседателот на приватните матични лекари од Охрид, информира дека  тој и  неговите колеги немаат проблем во тековното работење како што е закажување термин за земање брисеви за тестирање на корона вирус и добивање повратни информации од земените брисеви.

„Нема проблеми.Во постојана комункција сме со епидемиолошките служби при центарот за јавно здравје и знаеме за се што се случува “, изјави д-р Костоски за ТВМ Телевизија.

Брисеви се земаат не само од пациенти од Охрид туку и од Струга и околината, кажува Точков. Почна со работа пункт во Центарот за јавно здравје во кругот на општа болница во Струга , но работеше неколку дена и се затвори, сега работи само во Охрид. Интенција на Министерството за здравство беше и е да се отворат неколку пунктови во здравствениот дом во Струга. Се подготуваат пунктови од кои уште еден во Здравствен дом во Охрид. Тоа е најновата проценка на министерството за здравсто, информира Сашо Точков, директор на ЦЈЗ Охрид.