Skip to main content

Општа Болница Охрид се реорганизира

Општа Болница Охрид се реорганизира за да одговори на предизвиците кои ги наметнува состојбата со корона вирусот. Формиран е тријажен центар за примање и понатамошно насочување на пациентите. Во моментов на инфективното одделение нема потврдени пациенти но има 6 сомнителни пациенти на Ковид 19 од кои се земени брисеви и се чекаат резултати.

 |   | 



Состојбата со корона вирусот во охридско будно се следи. Медицинскиот персонал во моментов е еден од најдобрите кои ги имал регионот. Ќе одговориме на сите предизвици кои ги наметнува состојбата со корона вирусот, вели директорот на Општа Болница Охрид Д-р Горан Балевски.  Новоназначениот директор и формира дека за една недела бил формиран кризен штаб од началници на одделенијата и најдобрите и најискусни доктори, формиран е  тријажен центар во кој се упатуваат сите пациенти пред да влезат во болницата.

„ Во тој тријажен центар работат двајца специјализнати кои ги примаат пациентите и понатаму ги упатуваат кон одделите за каде се упатени. Влезната врата е затворена на болницата за да се заштитиме  ние и здравјето на граѓаните и за да нема лутање на пациенти низ болницата. Барам од граѓаните да ги почитуваат сите наши препораки за овој сисем уредно да функционира.  Имаме доволно капацитет и знаење, средства и лекови за да се справиме со предизвиците кои ги носи една специфична вирусна инфекција КОВИД “-  вели Балевски.

Како тријажен центар функционираат геријатрија и Одделението за кожни болести. Лицата со сомнителна клиничка слика но кај кои не е потврдено со тест присуство на вирусот ќе се сместуваат на Одделението за Геријатрија кое за таа намена е испразнато и има капацитет од 10 кревети. Пациентите од Геријатрија се префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо во договор со тамошниот менаџмент.  

Сите потврдени позитивни пациенти на Ковид 19 ќе  се сместуваат на Инфективното одделение од каде со безбеден транспорт ќе бидат пренесувани во општа болница во Битола каде има посебено одделение кое ќе биде регионален центар за згрижување пациенти со коронавирус. Досега од охридско струшкиот регион таму се испратени 5 пациенти со позитивен резултат на Ковид 19.

„Полесните форми ќе ги згрижуваме тука на инфективно одделение и мислам дека овие два дена тоа беспрекорно функционира. Инфективното одделение може да  прими, со почитување на сите стандарди, максимално 10 пациенти. На Инфективното одделение има три доктори и двајца специјализнати, како и 20тина лица медицински персонал.  Во моментов на инфективното одделение нема потврдени пациенти но има 6 сомнителни пациенти од кои се земени брисеви и се чекаат резултати.- објаснува директорот.

Во Општа болница Охрид се примаат пациенти од цел регион но Балески апелира до другите регионални болници да формираат свои тријажни центри и сите, вклучително и матичните лекари  да внимаваат кои случаи ги упатуваат кон охридската општа болница.
Балевски им го честита Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници и им препорача да го чуваат своето за да можат да одговорат на повикот да го чуваат здравјето на пациентите.