Skip to main content

Нова вонредна состојба во траење од 14 дена

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба, но оваа трета по ред ќе трае 14 дена.

 |   | 


По широките консултации со експерти од повеќе области и советниците во кабинетот а врз основа на информациите кои ги добил од учесниците на советот за безбедност Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека одлучил да прогласи  нова вонредна состојба во времетраење од 14 дена, наместо предложените 30 дена, како што бараше техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Траењето на вонредната состојба нема никаква корелација со датум за одржување на предвремените  парламентарни избори, кажа претседателот. Трендот на смирување на епидемијата е поситивен но причина за ваквата одлука  на претседателот била потребата од спроведување на социо економските мерки кои се неопходнио овој период како и од  потребата од одговор од здравството на епидемијата која сеуште трае. Голем дел од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот не зависат дирекно од тоа дали е на сила вонредна состојба, посочи претседателот и и порача на владата и здравствените власти да размислуваат за постепено олабавување на рестрикциите и враќање во функција на стопанските активности.