Skip to main content

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ОБЈАВИ ВТОР ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ

Поради големиот интерес на охриѓани за искористување на субвенции за купување на велосипед, каде за неполни 24 часа се пристигнати повеќе од 110 барања, Локалната самоуправа одлучи во ребалансот на буџетот, кој ќе биде ставен на дневен ред на наредната седница, да одвои дополнителни средства за оваа намена.

 |   | 

Ги охрабруваме сите кои периодот од објавување на првиот повик заклучно со денес, купиле велосипед потребните документи да ги достават до општина Охрид за добивање на субвенција.

Сите оние кои што нема да бидат опфатени во првиот повик, ќе имаат приоритет во вториот повик кој ќе веднаш по изгласувањето на ребалансот на буџетот ќе биде објавен.