Skip to main content

Објавени конкурсите за упис во средните училишта

 Има место за над 1100 завршени основците кои ќе може да изберат  едно од 4 средни училишта во Охрид. Заради пандемијата од Ковид 19 сеуште не се знае дали уписите ќе бида он лине или документите ќе се поднесуваат лично.   

 |  Валентина Неловска  | 

Објавени конкурсите за упис во сите средни школи. Пријавувањето за првиот јунски уписен рок ќе почне на 16 и 17 јуни. Резултатите од запишаните ученици , но и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Основците ќе може да изберат каде да го продолжат школувањето и во едно од 4 средни училишта во Охрид.

Во охридската гимназија Св. Климент Охридски во прва година во првиот уписен рок ќе може да се запишат 272 ученици. Во насоката гимназиско образование се предвидени 8 паралелки и тоа во јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и природно-математичко подрачје.

Минумум со 60 поени.Се надеваме дека ќе имаме доволен број на ученици и оваа година, досега сме немале проблем со уписите. Гимназијата е сеуште привлечна за учениците им дава можност за избор на факултет каде што сакаат да се запишат“, информира Весна Цветкоска, директор на Св. Климент Охридски.

Во угостителското училиште Ванчо Питошески ќе имаат можност 306 ученици во 9 паралелки за 4 и 3 годишно образование. Учениците може да изберат угостителско-туристичка струка во 7 паралелки. Основците може да се запишат во неколку насоки меѓу кои хотелско – туристички техничар, угостителски техничар за рурален туризам, угостителски техничар, но и во наоските келнер, готвач, слаткар и по една паралелка во Хемиско – технолошка струка за пекар и месар.

„Туристички наиматор е нов смер од оваа учебна година ,а лсткар и пекар ги иамвме и претходниет години но немаше инетерс и не с еоформија паралеки. Годинавa се нaдеваме дека ќе почен со реaлизицијa. За рурален туризам имаме неколку годинини и се запишуваат ученици и редовно се одвива наставата“, инфромира Марјан Радески, директор на ДТУ Ванчо Питошески.

Уписи ќе има и во Спортската Академија, спортска паралелка за фудбал.

Емуц Св.Наум Охридски во учебната 2020/21 година во прва година ќе можат да се запишат вкупно 424 ученици. Директорот, Сашо Недески инфромира дека во машинска струка место ќе има за 93 ученици во 3 паралелки во неколку насоки. Во електротехничка струка – 229 ученици во 7 паралелки. Во една паралелка во насоката за техничар за козметичка нега и убавина има 34 места. Во сообраќајната струка, пак 68 ученици, во 2 паралелки може да се пријават за изучувањ ена занимањето техничар за патен сообраќаj.
Во прва година во првиот уписен рок во СОСУ”Св.Кирил и Методиј” ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки, инфромира Царева Цветаноска, директор на економското. Во Економско – правна и трговска струка-136 ученици, во 4 паралелки за екомски техничар и една паралелка со 34 ученици во Здравствената струка за медицинска сестра.

Во општинските средни школи има место за над 1172 завршени основци кои ќе може да изберат едно од четирите средни училишта во Охрид. Заради пандемијата од Ковид 19 сеуште не се знае дали уписите ќе бида он лине или документите ќе се поднесуваат лично.