Skip to main content

Рибата „Сончарка“ се одомаќини во водите на Охридското Езеро

Од нуркачкиот центар „Амфора“ информираат дека после подолга обсервација рибата „Сончарка“ кој природно не припаѓа во ендемичниот еко систем на Охридското Езеро веќе се одомаќинила во охридските води и забележани се многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење.

 |   | 

Сончарката главно се храни со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нејзиното движење претставуваат одбранбена функција.

Најгресивното и најчесто однесување е “фронтална закана” карактеризирана со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а во крајни случаи проследено со благокаснување, со цел да ги заштитат границите на својата територија. Доколку сончарката се чувствува инфериорна во обидот да ја одбрани територијатанајчесто бојата и потемнува од страните.

Сезоната на мрестење е обележана со присуство на мажјаци на плитки, кружни гнезда кои истите ги бранат од другите сончарки од причина што најчесто ги градат овие гнезда вогрупи, а и мрестилиштата им се во непосредна близина. По завршување, групата сончарки ја напушта локацијата на мрестот. Најчесто ги има во плитки води надлабочина од 3-5 метри, но ззабележани се на длабочина од 10-15 метри во присуство на други риби.