Skip to main content

Се уредуваат зелените површини во приградските населби

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ се постојано ангажирани  во подигнувањето на степенот на јавна чистота и јавното зеленило  во градот и приградските населби.

 |   | 

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ се постојано ангажирани во подигнувањето на степенот на јавна чистота и јавното зеленило во градот и приградските населби.

Во изминатите денови интензивно се уредуваа приградските населби. Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите, покрај граничниците, коловозите и другите пешачки и јавни површини во селата Подмоље, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј и Косел.