Skip to main content

Се расчистуваат исушените врби на просторот Мазија

Исечени се четири врби со решение на Комисијата за сечење дрва при Локалната самоуправа. Просторот ќе се уредува хортикултурно, а ниедно еколошко друштво не се јавило на повикот од  општината да даде свое мислење за сечењето  на дрвата.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Започна да се средува дрворедот на самиот езерски брег на просторот Мазија. Утрово беа исечени четири врби за кои било констатирано дека се исушени и се опасни за посетителите на паркот во овој дел од градот. Нити едно еколошко друштво не се јавило на повикот од општината да дадат свое мислење за сечењето на дрвата и да присуствуваат на терен доддека се врши сечата.

„Ние сме отворени за соработка со сите па и со здруженијата. Не го минимизираме нивното размислување и важно ние да го слушнеме мислењето. Некогаш и ние може да погрешиме, да не корегираат. Она што го правиме е во согласност со решение од Комисијата која утврдила дека се оштетени дрвата, а ние ќе се консултираме со еколозите што да засадиме автохтоно“, вели Љупчо Грданоски директор на ЈП Комуналец.

Просторот на Мазија ќе се уредува хортикултурно. Има неколку варијанти за партерно уредување за кое размислуваме да го  избереме, вели Грданоски.

„Тревната површина ќе е уредена со цветни елементи. Можно е доколку се обезбедат средства преку проект со Локалната самоуправа да се врати и локвањот во овој дел на трската на езерскиот брег“, посочува Грданоски.

До ЈП Охридски комуналец пристигнале голем број решенија за сечење на исушени и оштетени дрва кои се опасни по безбедноста на граѓаните. Со сечење ќе се продолжи по месец септември бидејќи сега се уредува хортикултруно зеленилото во делови од градот и туристичките населби. Од денес комуналец распишале и тендер за набавка на 100 садници јавор кои ќе се засадат на Булевар Туристичка на местото од исечените стебла при реконструкција на тротоарот. Од комуналец најавуваат дека и годинава ќе се реализира проектот „Цветен Охрид 2020“ и ќе бидат доделени 400 жардинери за граѓаните по одлуката на Локалната самоуправа за кои улици или населба во Охрид.