Skip to main content

Приведени две лица во Охрид за време на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, 26/27.05.2020 година, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, две лица не ја почитувале забраната за движење.

 |   | 

– Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 68 контроли врз лица во изолација (Охрид 22, Струга 31 и Кичево 15), 13 контрола врз лицата во самоизолација. (Охрид 10, Струга 1 и Дебар 2) и 13 контроли во угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.