Skip to main content

Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите за работа

Сите охридски угостители не се во иста ситуација и многу од нив се во дилема дали воопшто ќе почнат со работа во првата фаза од олабавување на мерките за работа. Тоа ќе го знаат по објавување на протоколите за работа кои не беа објавени денес,а со кои чекаа промена на досегашните мерки.

 |  Валентина Неловска  | 

Угостителите кои имаат летни тераси ги чекаат протоколите според кои ќе треба да работат од утре. Сите охридски угостители не се во иста ситуација и многу од нив се во дилема дали воопшто ќе ги отворат објектите за да почне првата фаза со олабавување на мерките за работа, вели Михаил Мишев претседател на еснафот на Охридските угостители.

„Постојат дилеми бидејќи редукцијата е огромна и во просторијата и на масите, присуството во објектите и начинот на чекање гости, не е дозволено стоење на шанк. Кафулињата гостите ќе треба да ги чекаат надвор на шеталиште. Скратено е и работното време, а веројатно новите протоколки ќе значат проширување на работното време ќе е придобивка. Се надеваме на позитивни измени“, вели Мишев.

Угостителите пак, за новата ситуација очекуваат брза реакција од владините институции. Според, најавата на денешната прес конференција на министерот за економија, Крешник Бектеши, угостителските објекти од утре ќе работат само до 20 часот и само под посебен протокол. При тоа не соопшти попрецезни одлуки дали повеќе од двајца луѓе ќе може да седат на иста маса само ако се членови на исто семејство.

„Секој бизнисмен кој изработува визија за економското работење со вакви протоколи е во двојба дали во оваа фаза воопшто да ги отворат терасите или не“, вели претсадателот на угостителскиот еснаф.

Протоколите за работа на угосителите, кои засега не се објавени јавно, а се разгледувале на последната седница на владата претрпеле сериозни измени од оние кои првично биле доставени до Комората на угостители.