Skip to main content

Се чекаше во ред за дарување на крв

Охридските крводарители денес во голем број се вклучија во вонредната крводарителна акција која ја организираше општина Охрид. Пандемијата со Ковид 19 кај многу од нив го поттикна најхуманиот гест да даруваат крв за да  спасат нечиј  живот. 

 |  Валентина Неловска  | 

Редица охриѓани чекаа да даруваат крв на вонредната крводарителна акција. Матуранти, претставници од јавните претпријатија, општинската администрација, полициски службеници, граѓани беа дел од хуманите луѓе кои даруваа крв. Многу од нив таа одлука ја донесле за прв пат во животот. Меѓу нив беше и охриѓанката Лидија Неданоска која стрпливо го чекаше својот ред за да дарува за прв пат крв.

„Искрено изминтиве три месеци и перидот кој што беше навистина тежок за целиот свет и за нас го испровицира она хуманото во нас да бидеме хумани и да помогнеме кој колку можеме и на начин на кој можеме. Секогаш материјалното и не е можеби најдобар начин да се покаже хуманоста. Сепак, дарувањето на крв е она што е најбесценетото и треба што повеќе да се организираат вакви акции“.

Професорот Ристо Николески, кој воедно е и заменик градоначалник на општина Охрид, заедно со матурантите од охридската гимназија и општинската администрација беше дел од крводарителната акција.

Сум дарувал крв досега како средношколец и студент. Ова ми е 5 -ти пат. Секој човек има свое мислења кон нешто, некој има страв кон дарувањето на крв, но мислам дека тоа не е проблем и треба  да се одважат многу повеќе луѓе да даруваат крв бидејќи на некого ќе му го спасат животот“.


Сашо Точков , претседателот на ОО ЦК е задоволен од текот на вонредната крводарителна акција. Во услови на панедмијата со Ковид 19 крводарувањето беше намалено, но не и потребите за крвни деривати, напомена Точков.

Особено ако се знае дека од понеделник стартуваат сите здравствени установи со редовна програма и крвните проедукти ќе се потребни. Од голема важност е оваа вонредна крводарителна акција и одѕивот на граѓаните“.

На денешната крводарителна акција беа собрани над 50 крвни единици, а се планира да се продолжи со спроведување на вонредни и планирани крводарителни акции .