Skip to main content

Охридските угостители ги отворија летните тераси

На терасите на охридските кафетерии денес се служеше кафе. Персоналот со заштитни маски и ракавици, гостите едни од други на растојание, по двајца на маса. Ова е сликата на која ќе треба да се навикнеме да ја гледаме одреден период. Дали угостиелите ќе бидат ќар или зијан од оваа сезона зависи од тоа како ќе се справуваме со ширењето на вирусот од што зависи  понатамошно олабавување на мерките.

 |  Соња Рилковска  | 


После три месечна  пауза угостителите  денес  ги отворија вратите. Во кафетериите утрово   немаше гужва.   Масите распоредени според препораките, на растојание од метар и половина персоналот со маски и ракавици, на секоја маса  средство за дезинфекција.
И  кафанџиите  и гостите среќни, помалку возбудени ,но  сите строго почитуваат преопораките.

-„Се чувствуваме многу добро, после долго време еве седнавме на кафе. Ги почитуваме мерките. После 66 дена добро ни се погоди“, вели еден охриѓанец.

-„Фала Богу додје живот може да сендеме раат. Вала акоо едн човек на раат кафе ќе се напиеш“, вели друг охриѓанец.

 -„Јас сум од Куманово сега додјов од Охрид. Дали се чувствуваме заштите да индивидуално кој како го прифаќа тоа. Мислиме дека е во ред сега засга па ќе видиме“,вели една гостинка од Куманово.

 „Многу е потешко да се работи работата е усложнета затоа што келнерот цел ден мора да има мска нараквици. Се потат раце. Многу е потешко за работа отколку во нормални услови“, вели Игор Иванов угостител.

Дали угостиелите ќе бидат ќар или зијан од оваа сезона засега не се знае, се ќе зависи од намалување на мерките и отворањето на границите во земјава.

 „Работиме со намален капацитет ни пола од капацитетот со скратено рбаотно време хотлеите не се отвораат се уте нема протоколи за работа на хотлеите, така да само во август и септември нема да се извлечиме тоа е факт“, вели Иванов.

Стравот од корона вирусот се уште лебди меѓу сите. Похрабрите седнуваат во кафана, некои велат да се намалат препораките а потоа ќе посетат  ресторани и кафулиња.