Skip to main content

Каде ќе се згрижуваат пациентите со Ковид од струшко се чекаат упатства од министерството

Охридската болница, веќе  не ги згрижува пациентите од струшко. Болницата во Струга нема Инфективно одделение, ниту стручен кадар за третман на болни со корона вирус. Каде ќе се згрижуваат пациентите од струшко се чекаат упатства од министерството за здравство.

 |  Соња Рилковска  | 


Четворица пациенти со симптоми на корона вирус од  струшко  денес  вратени од охридската болница, поради недостиг на  место на Инфективно одделение. Струшката болница нема инфективно ниту има стручен кадар, епидемиолози и инфектолози  за лекување на пациентите со Ковид и бараат упатства од министерството за здравство, каде да ги праќаат пациентите.

 „Ние нема да оставиме ниту еден пацинет не пеегледан и незгрижен,. 0341Како што гледаме ситуацијата ескалира и расте бројот секој ден ќе имаме стручни состаноци сме во контакт со министерот и чекаме наводно патека како да постапуваме“, вели Мухамед  Хасани директор на болница Струга.


На интерното одделение во Струга  се исполнети капациетите,  веќе се сместени девет пациенти сомнителни на корона вирус,  кои биле во контакти со позитивни лица.

„Ние во моментов го имаме исполнето и капациетот  на одделенеието со пациенти високо сомнителни со Ковид 19 сите се со клиничка слика со докажани ренген  наоди иследувањата се во таа насока“, началник на Интерно одделение.
Од денес струшката болница во лабараторијата  воведува  серолошки анализи и тестови за корона вирус, со цел да се олесни  лекувањето на пациентите.


 Моментално во Струга има шеесеттина активни случаи на корона вирус, но не се знае каде ќе се згрижуваат  оние на кои им е потребно болничко лекување.