Skip to main content

Таневски: Гласот за Коалицијата МОЖЕМЕ и СДСМ е глас за стабилна и просперитетна иднина на нашата земја

Гласот за Коалицијата МОЖЕМЕ и СДСМ  е глас за стабилна и просперитена  иднина на нашата земја  и за сите нејзини граѓани, порача кандидатот за пратеник Лазе Таневски на првото обраќаење во изборната кампања. Тој ги повика граѓаните да излезат на изборите за земјата да добие функционално собрание со демократско и одговорно мнозинство и  политичка влада со полн легитимитет за есента да ја дочекаме подготвени за новите  предизвици кои ги носи Ковид 19.

 |   | 





Кандидатот за пратеник од Охрид, Лазе Таневски, ги повика своите сограѓани да ја поддржат пратеничка листа на коалицијата МОЖЕМЕ предводена од СДСМ во Изборната единица 5.
Гласот за Коалицијата МОЖЕМЕ и СДСМ  е глас за стабилна и просперитена  иднина на нашата земја и за сите нејзини граѓани, порача Таневски на првото обраќаење во изборната кампања.

„На 15 јули изборот е едноставен – да продолжиме кон светлата иднина  и  да не се враќаме назад кон мрачното минато. Гласајте за нас: За  да добиеме функционално собрание со демократско и одговорно мнозинство и  политичка влада со полн легитимитет за есента да ја дочекаме подготвени за новите  предизвици кои Ковид-19 ги носи во сите сфери на живеењето, а особено во здравството и  економијата. “ – порача Таневски.

Таневски кажа дека ќе обезбедат раст на минималната плата до 40% по корона кризата а до крајот на мандатот истата ќе порасне до 30%, недела ќе биде неработен ден за сите  што сакаат да бидат со своите семејства, 34.000 домаќинства  ќе примаат гарантирана минимална помош, а 65. 000 деца, детски додаток.
Потенцира дека до 2024 највуваат отворање на 80% од поглавјата за  интеграција во ЕУ.  

„Гласајте за СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ за да ја спречиме опасноста од враќање на структурите кои газеа врз човековото достоинство, ја изолираа земјата, го поделија народот и ги однесоа парите на граѓаните надвор. Да продолжиме   да градиме стабилна држава со развојна и конкурентна економија, со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, да сме рамо до рамо со најсилните. “

Таневски кажа дека се залагаат за  правна и праведна, зелена еколошка, дигитализирана и иновативна земја за младите.
Порача дека ќе води безбедна кампања за здравјето на граѓаните и дека на 15 јули СДСМ и Коалицијата Можеме ќе победи.