Skip to main content

Мицкоски од Охрид: 60 пратеници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата се реалност

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата својата изборна кампања ја започна од Охрид. На првиот митинг во Охрид обраќања имаа претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и Игор Дурловски – носител на листата на пратеници во ИЕ5 и кандидатите за пратеници од Охрид, д-р Кирил Пецаков, Лидија Петковска и д-р Грација Бакраческа.

 |   | 




Убеден сум во мудроста и поддршката на народот која што ќе ја добиеме на 15ти јули.  Ќе бидам нескромен и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност, порача синоќа од Охрид,  Христијан Мицкоски.


„Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и помеѓу една нова енергија што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова. Сакам да живеам во модерна Европска Македонија. Македонија која што ќе биде мајка за секого каде што нема да има граѓани кои ќе се чувствуваат како граѓани од втор ред.“ – потенцираше Мицкоски.

Имаме програма наречена проект Обнова, на 360 страни со која излегуваме пред граѓаните и ја бараме нивната поддршка за да си ја обновиме Македонија, рече Мицкоски. Пред присутните вети: намалување на невработеноста под 10%, повисоки плати за 25%, поголеми пензии за 20%, плати до 36000 денари во образованието, вложување во здравствениот кадар и враќање на нашите доктори од странство во реновирани болници, завршување на започнатата инфраструктура.

Носителот на кандидатската листа во изборна единица 5, Игор Дурловски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот да ги реализира своите ветувања затоа што,  како што рече, квалитетот на животот е право на секој граѓанин.

„ Во програмата ќе видете проекти, завршување на автопатот Кичево Охрид, нови евтини авиолинии кои што ќе го поврзат Охрид со светот, магистрален гасовод, Битола, Ресен, Охрид Струга сет мерки за развој на туризмот, нов простор во кој ќе се презентираат врвните домашни и странски уметнички вредности, нов театар во Охрид, ќе видите проекти, но ќе ја препознаете и нашата долгорочна визија, да го унапредиме и да го штитиме општото добро на македонскиот народ.“– Игор Дурловски , носител на листа ИЕ5.


Борбата ќе биде тешка но јас знам и сакам да се борам, истакна Дурловски. На градскиот плоштад пред своите сограѓани се обратија и кандидатите за пратеници од Охрид Кирил Пецаков и Грација Бакраческа.