Skip to main content

СДСМ и Коалиција МОЖЕМЕ: Охрид е наша убавина, гордост и обврска

СДСМ на вториот ден од кампањата одржа граѓански собир во Охрид. На малиот плоштад кај некогашната библиотека синоќа,  граѓани во мал број  поради запазување на здравствените протоколи, имаа средба со лидерот на партијата Зоран заев, носителката на пратеничката листа во Изборна Единица 5, Радмила Шекеринска и кандидатите за пратеници од Лазе Танески и Жаклина Лазареска.

 |   | 

1 милијарда е дирекната помош за Охрид и колекторот , 500 милиони денари за раздолжување на општината и исто толку за преземање на долгот на Проаква и санација  на колекторот., истакна на синоќешната средба со охриѓани, лидерот на СДСМ и предводник на Коалицијата МОЖЕМЕ, Зоран Заев.

“Охрид е нашето богатство и нашата гордост и верувам дека сите ќе опстоиме да ги вратиме природните убавини според критериумите на УНЕСКО а впрочем ние ќе си го заштитиме нашето добро. Јас верувам дека Законот и овде ќе важи еднакво за сите без разлика кој е приврзаник на СДСМ, ВМРО или воопшто не го интересираат партии. Затоа што Охрид, драги Охриѓани е ваш најповеќе, но и наш на струмичани и на скопјани и на кумановци и на тетовци и на цела наша Македонија. “ – рече Заев.

Заев ги повика граѓаните на Охрид на 15 јули својот глас да го дадат за инвестиции во луѓе, не во споменици, инвестиции во природните реткоски и убавини, а не во фасади, стиропор, инвестиции во младите, во иднината.
Носителот на листата на Коалицијата на СДСМ за ИЕ5 Радмила Шекеринска кажа дека Охрид е убавина но и обврска. Последни кои треба да зборуваат дека дека ќе го штителе статусот на УНЕСКО се оние кои го уништија , кои 11 години дозволија градење  и дивеење на моќници, рече Шеќеринска

„Тоа што го загрозија за 11, нашата европска иднина, ние ќе го надоместиме изгубеното во следните 4 години. Затоа секој оној, а такви се огромен број, коишто сакаат да ја видат државата не само во НАТО туку и во ЕУ со пари кои што ќе бидат за овој туризам, за ова езеро, за оваа прекрасна природа и убавина, знаат дека ова не смееме да го загрозиме.  На Охрид во нашата програма не му нудиме подароци. На Охрид му ја нудиме поддршката која си ја заслужил и треба да му ја дадеме затоа што ова е наш заеднички ресурс наша заедничка шанса за подобра иднина.“ – порача Шеќеринска.

Пред Охриѓани на малиот плоштад кај некогашната библиотека свое обраќање имаше и Лазе Танески кој е кандидат од Охрид за пратеник заедно со Жаклина Лазареска.