Skip to main content

Советот одобри 2 милини денари субвенција за набавка на унифицирани тезги за ЈП Градски пазар

 Прифатија и донација од ламинат за школите од компанијата Кармен Бауцентар  и локација за преместување на бистата на Григор Прличев. Беа побарани намалување на цените за паркирање на катамараните во каналот и закупнините за тезги во градски пазар.  

 |  Валентина Неловска  | 

Едногласно беа усвоени 9 точки од дневниот ред од кои три беа ставени како дополнение на денешниoт дневен ред на 44 -та седница на Градскиот совет. Охридските советници усвоија да се даде 2 милиони денари субвенција за набавка на унифицирани тезги за градски пазар, локација за преместување на бистата на Григор Прличев и донација од 400 м квадратни ламинат за охридските училишта од Кармен Бауцентар.

Покрај, овие три дополнети точки советниците ги усвоија и предлог- одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје, времено користење на недвижен имот- градежно земјиште кое е Градежна парцела на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид. Беа прифатени и прeдлог одлуките иницијатива за размена на градежно земјиште, измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци, како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за периoдот 2020-2022. Советниците дадоа согласност и за текстот на Aнекс договор за поделба на недвижност.

Советниците од опозицијата побараа мислење од ЈП Билјанини извори и Градски пазар дали може да ги намалат цените за паркирање на катамараните и закупнините за тезги на барање на сопствениците погодени од Ковид 19.