Skip to main content

Лидерите на верските заедници во земјава апелираат граѓаните да бидат поодговорни кон себе и блиските за опасноста на корана вирусот

Вирусот е тука и  е реална и сериозна закана по животот и здравјето на луѓето, порачаа тие.  Средбата на верските лидери беше свикана на покана на Комисијата  за односи со верските заедници и религиозни групи.   

 |  Валентина Неловска  | 

Едногласен апел упатија денес лидерите на верските заедници во земјава до сите граѓани. Повикаа за одговорен однос кон себе си и ближните, а опасноста од вирусот да ја сфатат како реална и сериозна по животот и здравјето. Имајќи ја предвид сериозноста на заканата од пандемијата предизвикана од коронавирусот тие го пофалиле неуморниот труд на лекарите и на медицинскиот персонал при справувањето со вирусот. Според нив, најсоодветниот израз на благодарност за подвигот на здравствените работници треба да се покаже на дело – со почитување на изречените мерки од надлежните институции.

На средбата која се одржа на покана на директорот на Комисијата, Даријан Сотировски,  присуствувале поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан; в.д. реис-ул-улема на Исламската верска заедница, Шаќир еф. Фетаху; бискупот на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на Евангелско-методистичката црква, Марјан Димов. Берта Романо Николиќ, претседателката на Еврејската заедница не присуствувала на средбата од оправдани причини.

Во предизборен период, верските лидери апелирале и за мирни, слободни и демократски избори во интерес на иднината на државата. За тоа станало збор, меѓу останaтитe теми на средбата, соопштуваат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.