Skip to main content

Почна откупот на црешни во охридскиот регион

Откупната цена се движи по 70 денари за килограм. Родот на црешовите насади годинава е преполовен, но плодовите се покрупни, инфoрмираат  одгледувачите на црешни. Вкусните овошни плодови завршуваат на пазарите во Русија и домашните синџири на маркети.

 |  Валентина Неловска  | 

Во тек е бербата на охридските црешни. Охридската долга шишка и црна се откупуваат по 70 денари за килограм. Бербата почна пред една недела во охридскиот регион и во селата Мешеишта, Требеништа и Волино. Приносот на црешни е доста помал во однос на минатата година, но затоа пак плодовите се покрупни, информира овоштарот, Ванчо Стојаноски производител на црешни. Во регионов за 30 посто се зголемени површините со црешови насади и се субвенционираат површините од страна на државата. Производителите не се задоволни од откупната цена, а исто така и откупувачите , вели Стојаноски.

Во секој случај поголем дел од вината ја гледам во нас. Ние не сме организирани и сеуште не сме доволно едуцирани како да ја одгледуваме и береме црешата. Критика има и до откупувачите. Тие при откупот треба да ставаат бандероли или некој бројчина на холандезите од кој одгледувач се за да знаат идната година со кого би соработувале“.

Стојaнoски укажува и на неорганизираност при откупот. Во моментов откупувачите во охридскиот регион работат за ладилниците во Ресен, а помал дел и за Скопје.

„Проблемот лежи што нема доволно црешови насади иако се зголемија насадите со цреши. Ако сакаме да бидеме серизони партнери на некој синџир маркети во Русија или друга држава без неколку илјади тони не можеме да го постигнеме тоа“.

Во однос на минатата година се зголемија насадите со црешни и сега дојдоа во полн род ако беше родот како лани приносот ќе беше околу 800 тони, но сега ќе е преполовен и ќе биде од 350 до 400 тони. Стојаноски апелира и до овоштарите кои одгледуваат црешни да внимаваат на бербата. Во ред е да бараме повисока цена, но и ние треба да внимаваме при бербата. Годинава е добро што се откупува и втора класа, поситната цреша. При тоа да внимаваме во една холандеза да не се мешаат различни сорти на цреши и со различна големина. Доколку се организираме како овоштари ќе си ги намалиме трошоците , ќе го зголемиме производството и квалитативно и квантитативно. Не може да бараме да помага само државата туку и ние треба да бидеме похрабри, повнимателни и пред се поорганизирани, вели овоштарот Ванчо Стојаноски.