Skip to main content

Реонски општинар на терен ќе ги слуша поплаките и забелешките на граѓаните од комуналната сфера

Во иднина доколку имате било каков проблем од комуналната сфера во вашата улица или населба , ќе можете дирекно да се пожалите на лице вработено во Општина Охрид. Тоа го овозможува проектот „Ваш реонски општинар“ чија цел е  локалната самоуправа непосредно на терен да прибира информации за поплаките и забелешките на граѓаните.

 |   | 

Во иднина доколку имате било каков проблем од комуналната сфера во вашата улица или населба , ќе можете дирекно да се пожалите на лице вработено во Општина Охрид.

Општина Охрид започнува реализација на проектот“  Ваш реонски општинар“.  Со проектот Локалната власт се   доближува до  граѓаните  со цел да се   овозможи  на лице место да  се примаат   забелешки  за комуналните  проблеми  со кои тие се соочуваат , да се  увиди  состојбата на самото место односно самата улица и  да се  постапи  по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.

Со овој Проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон.  За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа  кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите  нивни проблеми и потреби.

Преку  web страната на Општина Охрид и на  телефонски број  072 800 705  охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем .

По секоја забелешка или предлог од страна на граѓаните ќе се отвара посебен предмет и истите ќе бидат информирани за начинот на решавање на проблемот и за временската рамка кога ќе се реши истиот.

Со ваквиот начин на работа,  преку овој Проект побрзо ќе започнат да се решаваат проблемите на граѓаните и истиот  ќе биде основа за изработка на програмските  активности  од комуналната сфера  на Општина Охрид.