Skip to main content

ИНТЕГРА: Охрид ќе има брза железница и атрактивни воздушни гироскопски трамваи

Ова се само дел од инвестициските активности од програмата на партијата, кои би се финансирале по пат на јавно приватно партнерство и  инвестициски фондови во кои инвеститори би биле самите работни луѓе а до кои политичарите не би имале пристап.

 |   | 

Охрид во минатото беше запоставен од двете најголеми партии кои наизменично со години ја практикуваат власта . Но Интегра – Македонска конзервативна партија, со тоа што Охрид го става на оската на исто рамниште со Скопје и Струмица, укажува дека Охрид ќе биде еден од економските центри во Македонија, истакна Др. Николче Талевски – носител на кандидатска листа во ИЕ5.

„Во Охрид ќе има брза железница и Охрид ќе има атрактивни воздушни гироскопски трамваи кои што ќе гравитираат до Св Наум. Тоа ќе биде туристичка атракција но и за граѓаните на Охрид ќе биде функционално решение кое што охриѓани го заслужуваат.  Кога ќе гласате да знаете дека Интегра Македонска конзервативна партија настапува со слоганот „Аманет за Македонија“ и тој аманет е нешто најдобро за државата а вие тоа го заслужувате мои охриѓани. “ – кажа  Николче Талевски – носител на кандидатска листа ИЕ5 – ИНТЕГРА.

Политичарите во Македонија не можат понатаму да сметаат на среднорочно и долгорочно задолжување а ни следуваат сериозни предизвици поради глобалната економска корона криза. Затоа потребна е промена на луѓето и на системот. Фокусот да се стави на тие што го полнат буџетот, работните луѓе и партиското да биде заменето со работното, кажа Спироски Јованчо – кандидат за пратеник ИНТЕГРА.

„Поголем дел од парите изворно да остане кај работните луѓе кои и ги заработуваат  преку намалување на даноците, акцизите , царините и други државни давачки од една страна  а од друга страна да се намалува трошењето од страна на политичарите и партиите на буџетски средства. Преку инвестициски фондови формирани во пазарни услови во кои инвеститори би биле самите работни луѓе и до кои политичарите не би имале никаов пристап да се градат капиталните инвестииции и да се инвестрира во економијата. “ – посочи Спироски.

Јанкова Дивна, претседател на организацијата на жени на ИНТЕГРА и кандидат за пратеник, кажа дека програмата предвидува  масовен процес на инвестициски активности за економски напредок  преку давање можност на поединецот да се реализира себе си а при тоа да се сочуваат здрави семејствата како темел на општеството.

„ Социјалните случаи нема да постојат туку само ќе постојат лица на кои им е потребна посебна помош, за кои ќе има посебна програма а сите други ќе имаат простор каде ќе бидат нивните можности да дадат допринос. Среќен е оној човек што „знае да лови риба“, вие охриѓани тоа го знаете. Не само да му дадеш риба за еден ручек туку да го научиш сам да ја лови. Секој работник ќе биде вреднуван според својот труд при што жената ќе биде подеднакво вренувана.“ – кажа Јанкова.

ИНТЕГРА денеска ја отвори партиската канцеларија во Охрид која се наоѓа на ул Димитар Влахов.