Skip to main content

Прскање против комарци следната недела

Тендерската постапка за избор на фирма која ќе ја врши дезинсекцијата против комарци на територијата на општина Охрид е завршена.

 |   | 

 

Тендерската постапка за избор на фирма која ќе ја врши дезинсекцијата против комарци на територијата на општина Охрид е завршена.

Центарот за јавно здравје од Охрид,треба да ја спроведе дезинсекцијата согласно јавната набавка од локалната самоуправа.

 Прскањето против комарци што ќе се врши од земја се очекува да се изведе следнава седмица.

 „Се очекува стабилизирање на временските услови за да може да се реализира прскањето против комарци. Според најавите од метеоролозите тоа би требело да биде во текот на наредната надела. “ -велат од локалната за ТВМ.

Лани против комарци во Охрид  прскаше кавадаречка фирма додека пак Центарот за јавно здравје од Охрид вршеше надзор над изведувањето на работите. Авионското прскање против комарци минатата година изостана. Дали за годинава е објавен тендер за авионската дезинсекција од Министерството за транспорт и врски , од Центарот за јавно здравје немаат сеуште информација.

Вообичаено, со прскањето од земја се опфаќа крајбрежјето од селото Подмоље до комплексот Свети Наум, територијата на градот Охрид од река Грашница до Коселска Река. Центарот за Јавно здравје ќе врши дезинсекција и на територија на Вевчани , додека пак од општина Дебрца сеуште не се подготвени за спроведување на оваа мерка.