Skip to main content

Поддршка од евроамбасадорот Жбогар за воведување ред на крајбрежјето на Охридско езеро

Статусот на спроведување на препораките на УНЕСКО за зачувување на „Природното и културното наследство на Охридскиот регион“ тема на средбата на  Амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски.   Посетата на евроамбасадорот на Охрид во рамки на кампањата „ЕУ со тебе“   има цел да се потенцира важноста за заштита на Извонредната Универзална Вредност што УНЕСКО му го препишува на охридскиот регион.

 |  Соња Рилковска  | 



Амбасадорот Жогар го поддржа охридскиот градоначалник во отстранувањето на нелегалните објекти на плажите. Денес заедно беа во посета на плажата Горица Трета, која по отстранувањето на бетоните и шанковите се уредува со песок.
Потенцираа дека во иднина нема да се дозволи ваков тип на урбанизицја на крајбрежието.

„Со должна почит би сакал да ушатам еден јавен апел до охриѓани  да покажат поголемо разбирање и да дадат поддршка  на мерките кои се спориведуваат и кои се во насока  на сопирање на самовоилието и импровизациите кои што се случувале  години наназад. Даваме максимални напори да ја поправиме целокупната слика и целокупниот имиџ на охридскиот туризам“, рече градоначалникот Константин  Георгиески.

Ставањето ред на крајбрежието, стопирањето на нелегалната урбанизација се единствениот пат да се зачува статусот на Унеско.  ЕУ ќе го поддржи Охрид  да   гради стратегија за одржлив туризам  на брегот на Охрдиското езеро

„Другата причина зошто сум денеска во Охрид е да помогнам  општина Охрид да го зчаува статусот на Унеско. Јас разбирам и гледам дека има луѓе во Охрид и во околината кои не се грижат за статусот на Унеско, туку прво место ги стваат своите интереси.0940Верувам дека мнозинството на граѓаните во Охрид навистина се грижат за зачувување и заштита на Охридското езео за идните генерации“ рече амбасадорот Семуел Жбогар.

Битката со дивоградбите  ќе трае со години. Акцијата ќе продолжи и во НП Галичица, ќе се отстранат сите објекти кои имаат решенија за уривање, дециден е Георгиески.