Skip to main content

Донација од „Кармен Бауцентар“ за охридски училишта

„Кармен Бауцентар“ Охрид како општествено одговорна компанија донираше ламинат за потребите на неколку охридски училишта.

 |   | 

Основните училишта “Св. Климент Охридски” – Охрид, “Григор Приличев” – Охрид, и “Св. Наум Охридски” – с.Коњско ќе се подноват со ламинатни подови. Компанијата „Кармен Бауцентар“ донираше квалитетен ламинат за 10тина училиници и други простории во овие училишта.

„Мотив за реализирање на оваа донација ни беше потребата за подобри услови за настава на најмладите. Овој пат ,  во рамките на нашите можности, донираме ламинатен под од брендот “Swiss Krono”. “Кармен Бауцентар” како општествено-одговорна компанија по договор со Општина Охрид и одлуката на 44тата седница на Советот, донираше 400м2 ламинатен под со придружни елементи. “ – информира Никола Велјаноски, менаџер во „Кармен Бауцентар“.

Советниците од Советот на општина Охрид, на последната  44та седница изгласаа одлука за прифаќање на оваа донација од општествено одговорна компанија.