Skip to main content

ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ОХРИДСКА БРИГАДА“

Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнуваат со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “ во должина од 527 метри.

 |   | 

Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнуваат со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “ во должина од 527 метри.

Во рамки на градежните активности предвидено е замена на стариот тампон со нов, вадење на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина на улицата. Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година и е вреден 2 000 650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Изведувач на работите е АД „ Илинден “ – Струга.Поради започнување на градежните активности надлежните служби упатуваат апел до граѓаните за внимателно движење на оваа улица.