Skip to main content

Започнаа со работа спасителите на плажите пред хотелите

 Нема сапсители на плажите кои немаат концесионери, а  во моментов таму се уредува просторот по уривање на нелегални објекти. Оваа сезона спасителите на вода ќе се прилагодуваат на ново настанатата ситуација, вели  претседател на ОО ЦК во чии рамки функционира спасителната служба на вода. 

 |  Валентина Неловска  | 

Спасителите на плажи се грижат за безбедноста на капачите пред неколку охридски хотели. Засега се ангажирани на 8 капалишта дванаесетмина спасители, информираат од ОО на ЦК во чии рамките функционира спасителната служба на вода. На плажите пак, каде што нема концеисонери, а општина Охрид ги одстранува нелегално поставените објекти, нема спасители кои ќе се грижат за безбедноста на капачите. За нив допрва според Планот за управување со културното и природното наследство на охридскиот регион, предвидено е да се изработи урбанистичка документација со која ќе биде дефинирано да има плажи, информира градоначалникот Константин Георгиески.

Меѓутоа тоа ќе бидат плажи во вистинска смисла на зборот , а не објекти со големи габарити кои навлегуваат во водата и имаат штетно влијание на самото езеро. Ќе биде дозволено поставување на монтажен шанк, урбана опрема чадори лежалки од дрво и објект за спасителна служба. Тоа е начинот на кој што во иднина ќе се организираат плажите. Процентуалната поставеност на урбана опрема ќе биде многу помала од сега. И што е најважно работното време на плажите ќе биде до 19 часот, како во цел свет“.

Капачите пак, на плажите каде што има спасители ќе ја одржуваат безбедноста на капалиштата оваа летна сезона според стандардните протоколи. Секако една од главните препораки е да се избегнува групирање на луѓе на плажата и тоа да се сведе на минимум. Многу е важно да капалиштата на вода да се направени според пропишаните мерки, посочува Точков. Задолжителни ќе бидат досегашните стандардни мерки, потсетува Сашо Точков, претседател на ОО ЦК во чии рамки функционира спасителната служба на вода.

„Заштитната маска е задолжителна но ќе се следат препораките за заштита на капачите. Ако е пропишано 4 метри квадратни за еден капач сега претпоставка е дека растојанието ќе биде пошироко. Претпоставуваме дека сега и дистанцата ќе е поголема меѓу лежалките и поставувањето на пешкири“.

Спасителите на вода оваа летна сезона ќе се прилагодуваат на ново настанатата ситуација и фокусот ќе им биде давање превентивни совети како капачите да бидат безбедни на копно, а не само во вода, подвлекува Сашо Точков.