Skip to main content

Викендов во Охрид министерот за здравство Венко Филипче се сретна со младите здравствени работници

На својот Фејсбук профил, Филипче напиша дека е остварена одлична дискусија со младите здравствени работници, дека се слушнати нивните предлози и пораки – заеднички да се унапредува здравствениот систем.

 |   | 

На својот Фејсбук профил, Филипче напиша дека е остварена одлична дискусија со младите здравствени работници, дека се слушнати нивните предлози и пораки – заеднички да се унапредува здравствениот систем.

Филипче посочи дека младите здравствени работници се активно вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само младите знаат што е најдобро за нив.

Министерот истакна дел од реформите кои се однесуваат на младите здравствени работници, но и на стандардот на медицинските лица воопшто.

Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани.

Со шест месечна платена работа почнаа 130 млади медицински сестри во Службата за патронажна дејност;

Дадовме повеќе од 5000 согласности за вработување;

Одобривме 1000 специјализации;

За првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд;

За 40% ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, од 20% до 23% на медицинските сестри, општите лекари до 25%;

Со измените во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалување на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата.