Skip to main content

Сугарески: Не се калкулира при уривањето на дивогардбите на охридското крајбрежје

Примена на законите и неселективност во справување со диво градбите во регионот, порача  Горан Сугарески, министерот  за транспорт и врски. Доколку градоначниците и општинските градежен иснспоктрат ккао што е слуачјто со струшкото јарјбржје не  постапуваат  по законите ќе постапува државниот градежен инспекторат. Од минатата недела тие веќе се на терен и во Струга, информира Сугарески. 

 |  Валентина Неловска  | 

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко досега ги игнорираше уредбите на владата за за враќање на плажите во првобитна состојба. Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, порача од Охрид дека законите мора да важат за сите. Надлежност има Државниот градежен инспекторат онаму каде што немаат ингеренции градоначалникот и општинскиот градежен инспекторат. Таму каде што не постапуваат тие ќе постапат инспекторите од државниот инспекторат, рече министерот.

„Од минатата недела се излезени на трен. Станува збор за неселктивна примена во делот на дивоградбите, не за човек, не за некој поединец, тоа треба да се однесува за сите. Државниот градежен инспекторат е на терен во регионов и во Струга“.

На новинарско прашање дали со толерирање на постапките на струшкиот градоначалник во справувањето со дивоградбите, се калкулира затоа што државата е пред избори, Сугарески дециден.

„Може тие да калкулираат од општината од страна на државата не се калкулира. Зошто би се правело тоа во Охрид, а не во Струга. Инспекициски служби има општината и Државниот градежен инспекторат и врз база на тоа треба да одат и да постапуваат. Сум кажал и пртеходно за било која општина мора да се постапува. Ние инсистираме да постапува не само општината туку и државниот градежен инспекторат во целост по сите решенија и заклучоци кои се донесени“.

Министерот, Горан Сугрески, напомена дека минатата година не поминал неговиот предлог со измени и дополнувања за пренамена на Законот за градежно земјиште каде што држвата ќе си ги вратеше под свои ингеренции плажите на сите езера. Сугарески смета дека тоа треба да се направи во иднина затоа што државата може подобро да менаџира и стопанисува со плажите на трите езера во земјава.