Skip to main content

СДСМ најавува повисок младински стандард и до крајот на идниот мандат пад на невработеноста под 17%

Стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, шанса за младите – тоа носи новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело кажа денеска во своето обраќање Бојан Михајловски, член на ИО на Социјал Демократската Младина на Македонија од Охрид.

 |   | 

Понудата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ нуди нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места, кажа денеска на прес конференција, Бојан Михајловски, член на СДММ Охрид.
Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политки со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек. По победата на 15 јули носиме нова, развојна македонска економија која обезбедува шанса за сите, а особено за младите, порача Михајловски.

„Стапката на младинска неврабтоност до 2024 година  идната Влада предводена од СДСМ ќе ја донесе под 17 %. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега.
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување  продолжува со рекорден буџет за оваа 2020 година од 1,3 милијарди денари. Директна поддршка на  младинското и женското претприемништво, претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра. “ – кажа  Михајловски.

Програмата на СДСМ предвидува поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите, кажа Михајловски и најави продолжување на мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование.

„Наша цел е севкупната невработеност да ја намалуваме за 3% годишно, со цел да стигнеме до едноцифрена стапка на невработеност на крајот на мандатот. Стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите, шанса за младите – тоа носи новата развојна македонска економија, тоа е економски патриотизам на дело.“ – порача  Михајловски.

Додека СДСМ го реализира концептот Парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка со која парите одат кај граѓаните, рече Михајловски и ги бвини  ВМРО-ДПМНЕ за напуштањето на младите на државава.