Skip to main content

На пет угостителски објекти на плажи им се пролонгираа опомените за престанок на работа

Сопствениците ги искористија сите правни механизми и добија дополнително рок до 15 јули, инфромираат од Државнито пазарен инспекторат. Дали се извршени контроли и изречени забрани за обавување дејност на угостителски објекти на плажите без концесија на струшкиот дел од крајбрежјето од Инспекторите од струшката подрачна единица  молк. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од Државниот пазарен инспекторат од подрачната единица Охрид информираат дека е пролонгирана работата на 5 угостителски објекти на плажите кои требаа да се вратат во првобитна состојба. Нивните претходни опомени беа изречени да престанат со работа охридски угостителски објекти на плажите на 1 јули.

„На барање на контролираните субјекти се пролонгирани од наша страна. Според Законот за инспекциски надзор треба да му се овозможи на субјектот да преземе одредени дејствија одстранување на предметии и други работи е кај неколку субјекти“.

Ристески не може да прецизира, според сегашната постапка и барањата и жалбите на правните субјекти кои обавуваат дејност на плажите , а кои би требало затворат до 15 јули, дали може да престанат со работа порано и покасно, но тоа зависи од владината уредба. Инаку, уредбата со законска сила за примена на законот за градежно земјиште во време на вонредна состојба , важи до 31 декември оваа година.

„Веројатно и од целокупната состојба се работи на објекти на целото крајбрежје. Има ситуација каде во другите региони на крајбрежјето не е таква состојбата и додека не помине рокот не може да зборуваме дали ќе им се пролонгира. Одлуката ќе се донесе по дополнителниот даден рок. Може и сами ќе престанат како што направија и другите субјекти по нашите опомени“.

На прашњето дали овие 5 објекти може да работат и до крајот на годината, Ристески вели не би требало да е така. Но, е можно бидејќи се и други дејствија во оптек како што поднесената инцијатива за поведување на постапка за уставноста на владината уредба и се очекува одлуката на Уставниот суд, напоменува Ристески.

За разлика од транспарентноста на охридскиот раководител на ДПИ, неговиот струшки колега Шпенди Иљази, една недела е недостапен за ТВМ Телвизија да одговори на прашањето  што се случува со објектите кои работат на струшките плажи без концесија. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугерски, при вчерашната посета на Охрид, кажа дека на терен се излезени инспекторите од Државниот градежен инспекторат и мора да се применеуваат законите за сите без селективност и во Охрид и Струга и плажите да се вратат во првобитна состојба.