Skip to main content

Се поставуваат редуктори на пречистителната станица во Враништа

На охридскиот дел е завршена целата санација на колекторскиот систем. При скенирање на колекторскиот систем во делови на Охрид се пронајдени нелегални приклучоци на системот. Во меѓувреме се приклучени и се наплаќа за услугата за одведување на отпадните води во колекторот.

 |  Валентина Неловска  | 

Се привршува санацијата на колекторскиот систем. Интезнивно се работи на пречистителната станица во Враништа, информираат од ДЈП Колектор. Директорот Владимир Алексијоски, вели дека работите се скоро на самиот крај.

„Во моментов се поставуваат редукторите на пречистителната станица во Враништа . На охридскиот дел колктроскито систем е во целост завршен. Со прочистување, вовлекување на цевка во цевка, репарција на пумпните станици“.

При изведување на санацијата на колекторскиот систем од ДЈП на терен откриле и бројни диви приклочоци на системот, информира Алексијоски.

Ние правевме и видео снимки на дел од колекторскиот систем. Беа најдени диви приклучоци за кои не бевме информирани, за кои не знаевме, но во меѓувреме се решени.Сега се активни учесници во колекторскиот систем и се во системот за наплата за услугата“.

Покрај завршување на санација на системот на охридскиот дел, од ДЈП информираат дека се поставени и сервисирани пумпи на пречистителната станица Сатеска и Струга 3, која е составена од 2 дела од охридската и струшката секундарна канализација.