Skip to main content

Интересот за рекреативно играње баскет во градов е многу голем


Јавното претпријатие  СРЦ Билјанини извори ќе ги прошири спортските терени за две спортски дисциплини.  Непосредно до затворениот пливачки базен кој е во изградба ќе се уредува кошаркарски терен, а во касарна ќе се уредува фудбалско игралиште.  

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП СРЦ Билјанини извори ќе ги проширува спортските терени. Наскоро ќе се уредуваат површини за спортување на две спортски дисциплини како што се кошарката и фудбалот. Едниот терен ќе биде непосредно до затворениот пливачки базен кој е во тек на изградба. Кај Агенцијата за млади и спорт наидовме на позитивен одговор. Потребно е да се формира Владата за да се потпише договор, а ќе почне да се гради паралелно со базенот. Кога ќе биде готов базенот ќе биде готов и тој терен, вели Гордана Јованоска, директорот на ЈП СРЦ Билјанини извори.

„Ние побаравме од Агенцијата за млади и спорт површина покрај базенот, останува голем празна површина, побаравме да се направат кошаркарски терени. Интересот за кошарка посебно за баскет е многу голем во Охрид. Посебно сакаат да играат баскет од најмали па се до повозрасни спортисти“.

ЈП Спортско рекреативен центар Билјанини извори кое стопанисува со спортските терени ќе уредува и фудбалско игралиште на површина во кругот на поранешна касарна. Наидовме на разбирање од Локалната самоуправа и добивме зелено светло за изградба на фудбалски терен на овој простор за спортување на граѓаните и од овој дел на градот, кажува Јованоска.

„На тој дел имаме проблем нема вода, не може да се наводнува и не е заградено. Најпрво што ќе направиме по Илингденските празници ќе почнеме со бушотини за да извадиме вода, а другата активност е истото да се огради“.

Од ЈП СРЦ информираат дека веќе поднесле барање до Локалната самоуправа за да им бидат доделени финансиски средства за да отпочнат со заеднички активности во поранешната охридска касарна.