Skip to main content

Авто кампот Љубаништа атрактивен за домашните гости

За доследно спробедување на мерките за заштита од корона вирусот се грижат  четворица ковид координатори а за безбедноста накапачте се грижат 6 спасители на вода од Црвен Крст. Хигиената е на високо  ниво а менаџментот планира за следната сезона да го доуреди кампот со бунгалови од природни еколошки материјали.

 |  Соња Рилковска  | 



Десет часот наутро, кампот Љубаништа веќе  одамна буден. Камперите раздвижени , некои  во набавка во локалната пордавница, други го пијат утрнското кафе, трети појадувааат, а некои веќе  се распослале на плажа и уживаат во милувањето на утринските сончеви зраци и разладувањето во езерските води.

Во меѓувреме пристигнуваат и нови гости , се пријавуваат на рецепција или доаѓаат во  еднодневна посета на ширната песочна плажа. Оваа сезона во авто кампот најбројни се домашните гости, велат менаџерите  
Што е најважно  строго се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот.

„Во моментов во авто кампот назначени се четворица ковид координатори,  кои се задолжени за следење на состојбата и почитување на мерките. Покрај тоа во соработка со Црвен крст покрај двата спасители кои редовно работат за викенди кога има повеќе гужва имаме уште четворица дополнителни спасители едуцирани за справување и пробчематични ситуации и за воведување ред“, вели Антонио Гаврилоски закупец на авто камп Љубаништа.

Природата  била дарежлива,  бисерна вода и песочна плажа, карпести пејсажи , но инвестиции со години нема. Плановите на новите закупци  се големи. Ќе се отстранат старите руинирани кампови , а на нивно место ќе никнат еко бунгалови., ќе се засадуваат нови дрвја, ќе се прави кино на  отворено..   Љубаништа за неколку години ќе  прерасне во елитен и луксузен камп.

„ Приколките со кои во моментов располагаме се многу стари и во лоша состојба, затоа нашата компанија планира од следната година да вооведе нови еколошки од природни материјали направени бунгалови во кои ќе има висок квалтет на смествање. Она што е најважно во авто кампот Љубаништа ќе се почитуваат сите политики согласно Планот за управување за природно и култруно налседтсво нема да се поставува ниту цименто ниту бекатони“, додава Гаврилоски.

Гостите кои со години доаѓаат во кампот Љубаништа  велат условите се пристојни и вистински уживаат во летниот одмор.

-Ние сме задоволни за овие 11 години затоа сме тука. Нас ни е убав секој ден, чист воздух поубаво езеро нема, вели гостин од Скопје.
-Не ни треба на плажа блиску сме тука уживаме, вели пензионерка од Скопје.
-Јас сум од Велес тука многгу убаво си поминува. Се бањам, вели едно момче од Велес.
-Од Скопје сме многу ми се допаѓа. За прв пат сме тука со сопругата задоволни сме од услугите, вели турист од Скопје.

 Длабоките сенки , бисерно чистата вода, песочната плажа распослана на  30 илјади метри квадратни го прават кампот Љубаништа  за еден од најголемите  и најпосетените во земјава.
Хигиената на високо ниво. Во соработка со Пакомак и Охридски Комунаец  набавени се контејнери и се работи на едукација на гостите  за соодветно управување со отпадот и за зачувување на животната средина.