Skip to main content

„Охридски Комуналец“ на ниво на своите задачи

Охрид го доживува врвот од туристичката сезона-традиционално за Илинден огромен број посетители.

 |   | 

Охрид го доживува врвот од туристичката сезона-традиционално за Илинден огромен број посетители.

Туристи од секаков ранг: пензионери кои уживаат во поволните климатски услови, фамилии кои сакаат да се одморат од напорните секојдневни обврски, млади кои сакаат да се релаксираат, но и млади кои во желбата за забава не ставаат граници и градот кој ни` служи на сите, го претвораат во депонија.

Службите на јавното претпријатие се максимално ангажирани 24/7 и се трудат Охрид секое утро да изгледа вака како што му доликува.