Skip to main content

Две кривични за журките на плажа во Градиште

Две кривични за журките на плажа во Градиште, сега за сека е резултатот од инспекцискиот надзор на охридското крајбрежје за почитување на протоколите за заштита од Ковид и другите законски норми.

 |   | 



Илјадници посетители на Охрид деновиве уживаат во летниот одмор како да заборавиле дека постои пандемија на вирусот СарсКов2 кој е опасен и потенцијално животозагрозувачки. На плажите не се почитуваат владините протоколи, секаде низ градот е гужва во која ретко кој носи маска а дистанца скоро е невозможно да се одржува.Во текот на вчерашниот ден, на социјалните мрежи беа објавувани видеа  од журки на плажата Градиште со десетици млади луѓе кои не одржуваат растојание и не носат заштитни маски.  Градоначалникот  Константин Георгиески  пред празничниот викенд во Охрид најави координирана акција од  два тима составени од пазарна, трудова и градежна инспекција придружувани од полиција.  Петнаесет инспектори направиле 75 надзори во изминатите два дена . Се подготвуваат две кривични пријави кои се однесуваат за организираните журки во Градиште на втортата и третата плажа, вели за ТВМ, раководителот на подрачната единица на ДПИ, Цветко Ристески.
Големата посетеност на градот пред се гужвите на плажите се користи нелегално  да се постави урбана опрема и да се заработи во она што би требало да е пикот за оваа сезона.  Градоначалникот кажа дека надлежните не можат да се изборат и да воведат ред толку колку што несовесните граѓани може да поставуваат самоволно и да работат противзаконски. Инспекторите продолжуваат со интензивни контроли на терен и наредниов период.
Локалната очекува ваквата состојба на охридското крајбрежје да трае најмалку до средина на месецов. Градоначалникот најави дека после 15ти август ќе продолжи акцијата за уривање на бесправно изградените објекти на охридското крабрежје со која ќе бидат опфатени сите плажи, без исклучок.