Skip to main content

Започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”

Во намален формат и со учество на ликовни уметници само од Македонија, започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”.

 |   | 

Во намален формат и со учество на ликовни уметници само од Македонија, започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”.

Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку олицетворение на уметноста и културата на Дебрца и доказ дека уметноста и културата не се создаваат само во урбаните центри, туку и во руралните средини и на секое место каде што има креативен творечки потенцијал.Уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.

Ars longa, vita brevis, или уметноста е долга, животот е краток! – изјави градоначалникот Ногачески по повод отворањето на овогодиншната ликовна колионија.