Skip to main content

10m3 пластика и друг отпад подигнат од плажите Љубаништа

Комуналец и еколошкото друштво Еко Фап го чистат отпадот расфрлан од несовесни граѓани и диви кампери на плажите во Љубаништа.

 |   | 



Во координација со локалната самоуправа  Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведе акција за чистење на просторот помеѓу кампот Љубаништа и реката Черава, простор кој изминативе два месеци беше злоупотребен од дивите кампери.
Срамот наречен диво кампување од Черава до плажа Тасе, го чистеа и членовите на  „Еко Фап“ и локални жители.

ЕКО- ФАП заедно со персоналот на ресторан Острово и останати доброволци се откажаа од долго пиење на еспресо во некое охридско кафуле и уживаа во придонесот за почист езерски брег на најубавиот дел на крајбрежјето! – вели Горан Устијаноски , еден од организаторите на акциајата.

Од локацијата биле подигнати 10м3 пластика и останат отпад.

Диви кампери цело лето се распослани во  Љубаништа во близина на  авто кампот. Со шатори и автомобили нелегално  кампуваат  гости и со години  го злоупотребуваат тој простор на кој нема соодветни услови за кампување како  струја, виода,  тоалети ниту контејнери за отпад. Од АК Љубаништа постојано таквата состојба ја пријавуваат до надлежните. Ова лето охридската полиција и надлежните служби информираа за една координирана акција на крајот на август  со која биле отстранети сите диви кампери од плажата Љубаништа.