Skip to main content

Денеска и утре втор уписен рок на ФТУ

Денеска и утре на охридскиот Факултет за туризам и угостителство се сприведува вториот уписен рок за новата академска 2020/2021 година.

 |   | 

Денеска и утре на охридскиот Факултет за туризам и угостителство се сприведува вториот уписен рок за новата академска 2020/2021 година.

Во првиот уписен рок место на факултетот си обезбедија 117 бруцоши, а според објавениот дополнителен конкурс има слободни уште 207 места.

На насоката туризам има место за 51 студент, 46 на осигурување, 23 на царина и шпедиција, 19 за менаџмент во услужен сектор (профили: финансиски, промотивен, логистички менаџмент и менаџмент во култура), 9 за гастрономија и 27 за хотелско – ресторански менаџмент.

Во првиот уписен рок нема запишани студенти на студиските програми на англиски јазик, па на насоките туризам и царина и шпедиција ќе може да се запишат по 16 студенти.

Редовните студенти запишани во државна квота плаќаат партиципација од 200 евра, додека пак редовни со кофинансирање и вонредните студенти плаќаат партиципација од 400 евра.

Прелиминарната ранг-листа на примени кандидати во вториот уписен рок ќе биде објавена на 17-ми септември.

Доколку останат празни места, ќе се пополнуваат во третиот уписен рок на 24-ти септември.