Skip to main content

Презентиран Правилникот за урбанистичко планирање пред стручната јавност

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба Деканот на Архитектонски факултет и професори од Факултетот, со претставници на Комората на овластени инженери и архитекти како и претставници од Асоцијацијата на архитекти.

 |   | 

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба Деканот на Архитектонски факултет и професори од Факултетот, со претставници на Комората на овластени инженери и архитекти како и претставници од Асоцијацијата на архитекти.

На средбата, Министерот ги информираше присутните за новиот Правилник за урбанистичко планирање кој е изготвен и ќе се стави во функција идната недела.

Правилникот ги утврдува стандардите и нормативите за урбанистичко планирање со кој се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот преку ефикасно зачувување на просторните ресурси, се создава унапредување на условите за хумано живеење, се сочувува квалитетот и се унапредува животната средина како и недвижното културно наследство.

Министерот Бочварски потенцираше дека со новиот Правилник се обезбедува создавање и на ефикасни инфраструктурни мрежи.

Реформата во урбанизацијта на просторот е клучна за развојот на општините и генерално за државата и токму со ставање во функција на овој Правилник за урбанистичко плнирање ќе овозможиме ефикасно и рационално уредување на просторот со запазување на сите стандарди.  Верувам дека општините со нетрпение го очекуваат Правилникот за да може да започнат со урбанизација на нивните општини според новиот Закон за урбанистичко планирање кој е креиран да обезбеди голема транспарентност и учество на сите засегнати страни во процесот од планирање па се до носење на плановите. Заради тоа денеска остварив средба со преставници на дел од институции кои партиципираа во изготвување на Законот и Правилникот,  го презентирав и најавив дека веќе од идната недела ќе го ставиме во функција. Очекувам дека реформата во градежништвото и урбанизацијата ќе даде позитивни резултати за развој на целокупното општество”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Законот за урбанистичко планирање е прв од реформските закони што се започнати во делот на земјишната политика, а со кои се има за цел да се унапреди планирањето на просторот и да се поттикне градежништвото.

Притоа со Законот се воспоставени нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови,  пракса која за прв пат се јавува во оваа дејност и е единствена опција за решавање на состојбите во урбанизмот.

Во изработката на Законот за урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање беа вклучени сите надлежни институции, Асоцијации, Комори и граѓански здруженија за што се оддржаа и неколку јавни расправи. Во тој контекс ги упатуваме сите заинтересирани во следниот период да се јават во Министерството за транспорт и врски заради нивно запознавање со Законот и Правилникот.