Skip to main content

Сеуште нема зелено светло за работа на театрите.

Донесени протоколите за организација на културни настани на отворено и во затворен простор но сеуште нема зелено светло за работа на театрите. Охридскиот центар за култура ги одржа планираните манифестации за годинава освен Блакнаскиот фестивал. Вечерва се одржуваат Охридски староградски средби пред платото на Центарот  и спред протоколите  за заштита од коронавирусот.  

 |  Валентина Неловска  | 

Од неодамна владата донесе протоколи за организација на манифестации во затворен простор. Но, сеуште нема зелено светло за работа на театрите.

Ние би почнале со кино проекции во најбрз можен рок.За театрите нема поконкретни насоки како би се одвивало тоа и за нив ќе почекаме. Актерите, публиката и ние како куќа сме желни што побрзо да почнеме, од наша страна организационо за протоколите сме подготвени, но чекаме амин од министерство да почнеме да работиме“, кажува Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев.

Во НУ ЦК Григор Прличев, досега се одложи само Балканскиот фестивал на народни песни игри, заради затворените граници во месец јули, а се одржаа сите останати културни манифестации кои беа планирани за оваа година. Така, вечерва на отворено се организира културната манифестација Охридски староградски средби. По 32-ри пат , настапуваат 8 пеачки групи и културно уметнички друштва од градовите Штип, Кавадарци, Прилеп, Струга и Охрид. Меѓу учесниците се и градскиот хор „Вокс Лихнидос“ и групата Бисери. Посетителите ќе уживаат два часа во староградски мелос, пред платото на Центарот за култура, кој ќе се изведе според протоколите за заштита од коронавирусот, информира Горан Симоноски, директор на НУ ЦК Григор Прличев.

„Од наша страна ќе бидат запазени сите мерки и протоколи кои што се донесени од Комисијата за заранзи болести. Ќе биде заграден просторот, столчињата ќе бидат поставени на 2 метри, а и учесниците ќе бидат распоредени на сцената на растојание. Волонтерите од ОО ЦК ќе мерат температура и ќе вршат дезинфекција , ќе се спроведат сите добиени протоколи“.


Во салонот на Ну ЦК се одржуваат и изложби според протоколите за заштита од ковид 19 добиени од Комисијата за заразни болести.