Skip to main content

Промовирана првата Национална платформа за онлајн учење

Со час по информатика десетина ученици и наставничка ја  презентираа првата Национална платформа за онлајн учење. Од 1ви октомври преку оваа платформа со знаења треба да се здобиваат 250 000 ученици. Голем е предизвикот вака да се започне училишната година со ресурсите кои ги имаат училиштата но ова искуство ќе ни покаже како во иднина навреме да ги планираме инвестициите во образованието, рече  премиерот Заев на презентацијата.

 |   | 

Денеска беше промовирана првата Наиционалната платформа за онлајн учење.  Преку неа од 1 ви октомври 250 000 ученизи ќе следат настава во новата учебна година. Пандемијата ни ја наметна потребата да согледаме зошто ни е потребен образовен систем кој е во добра кондиција и дека треба посветено да работиме на неговата дигитализација и напредок, истакна премиерот Зоран Заев на денешната промоција.

 „Затоа, ние како Влада и јас како премиер ја даваме безрезервната поддршка за имплементација на овој процес. Реформите во образованието се наш врвен национален приоритет. Сакам да ги повикам родителите да бидат партнери на наставниците како важна алатка во пренесувањето на знаењето на учениците. Почитувани наставници, вие сте клучни за подготвувањето нови генерации и искрено ви симнувам капа. Државата ќе продолжи да го вреднува вашиот труд и квалитет. – кажа премиерот.


Платформата за онлајн следење на наставата е можност за продолжување на образовниот процес во време на пандемијата, но и исчекор кон модернизација на образованието, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска. Во однос на предизвиците кои стојат пред  министерството, општините, училиштата  во однос на  пристап до дигитална опрема и интернет конекција министерката Царовска со одговор:

„Јас се видов и со градоначалниците и со директорите. Главно зборувавме за тоа дека обврската за функционалност на објектите и пристапот е нивна одговорност во моментов. Тие прават напори да склучат договори и да имаат интернет за наставниците, додека децата се од дома. Дали ќе имаме деца кои нема да имаат ИТ опрема и интернет , ќе имаме такви. За интернет се трудиме да обезбедиме донација но за опрема не можеме да обезбедиме 40 000 уреди. Но затоа се трудиоме сите 15 минутни часови кои се веќе снимени и ќе бидат посатвенио на платформата да може да се презентираат и на националниот јавен тв сервис за децата да бидат изложени на материјалот. Училиштата ќе принтаат материјали и преку родителите ќе бидат доставувани до учениците и обратно.“ – рече Царовска.


Платформата може да се користи преку компјутер, телефон, поддржува он лајн час на кој можат да се вклучат 30 ученици , има можност за брзи квизови, тестови, иновативни содржини. Резултат е на соработката на Министерството за образование и наука и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) а самите ученици и просветните работници ќе може да ја надградуваат. Нуди учење на 5 јазици – освен на македонски, прилагодена е и за држење настава на албански, турски, српски и босански јазик. Веќе се завршени обуките на 30 национални обучувачи, кои знаењето ќе им го пренесат на 1.600 наставници, номинрани за училишни обучувачи.